• Што треба да содржи мојата патна аптека?

    Доколку пациентот има хронична терапија, треба да се земе во количина доволна за време на патувањето. Од акутната терапија препорачуваме да се земаат лекови за третман на болки- аналгетици, лекови за алергија-понови генерации антихистаминици и крем за локална употреба , лекови за намалување на покачена температура, лекови за третман на диареја, подуеност и гасови, раствори за рехидратација, прва помош во случај на повреди- гази, завои и средство за дезинфекција, лекови за третман на мачнини при патување, средства за заштита од инсекти, капки за очи. Доколку се работи за подолготрајна изложеност на Сонце, независно од годишното време, препорачуваме употреба на средства за заштита од Сонце со висок фактор.

    Во случај на посериозни симптоми, препорачуваме пациентите секогаш да се обратат кај најблискиот лекар.

  • Колку често се нанесува средство за заштита од Сонце?

    Средствата за заштита од Сонце се нанесуваат на секои 2-3 часа и после секое влегување во вода. Исто така доколку обилно се потите треба да се повтори нанесувањето на средството со висок заштитен фактор.

  • Дали пробиотиците се наменети исклучиво за заштита на цревната флора?

    Пробиотиците наоѓаат примена и при решавање на редица дерматолошки проблеми, пред сеѝ проблеми поврзани со атопичен дерматит, егземи или други состојби на сува кожа, како кај деца, така и кај возрасни, со таа разлика што во тие случаеви се користат подолго време.

  • Колку долго треба да се земаат препаратите за зголемување на имунитетот?

    Времетраењето на терапија е во зависност од производот и неговиот состав, но најчесто се користат од 6 седмици до 6 месеци, континуирано, освен ако е поинаку наведено во упатството или се следи соодветната лекарска препорака.