Наши совети

Опис на Aнтимикробниот Бакарен Дигитален Термометар

Овој дигитален антимикробен медицински термометар обезбедува прецизно читање на опсегот на температурата на човечкото тело. Во исто време, ја намалува микробната флора и ја минимизира дисперзијата на заразни микроорганизми, обезбедувајќи голема безбедност за корисникот.

Методи на мерење/ Нормална телесна температура

 

Во устата (орално)/ 35.5 – 37.5 °C

Поставете го термометарот во еден од двата џеба под јазикот, на левата или десната страна од коренот на јазикот. Сензорот за мерење мора да има добар контакт со ткивото. Затворете ја устата и рамномерно дишете низ носот за да се спречи вдишениот / издишениот воздух да влијае на мерењето.

Приближно време на мерење: 10 секунди!

Во анусот (ректално) / 36.6 – 38.0 °C

Ова е најверодостојниот метод за мерење, и е посебно погоден за новороденчиња и мали деца. Внимателно ставете го сензорот за мерење од топломерот 2 до 3 см во аналниот отвор.

Приближно време на мерење: 10 секунди!

Во пазувата (пазувно) / 34.7 – 37.3 °C

За добивање на поверодостојни резултати препорачуваме да ја мерите температурата орално или ректално.

Многу од луѓето се непријатно изненадени, кога купениот шампон против првут, воопшто не е ефикасен против постоечкиот првут. Тоа што е добро против масен првут, не мора да значи дека е добро и против сув првут- клучот на проблемот е во сувата кожа на скалпот на главата.

Сувата кожа на скалпот се карактеризира со црвенило, чешање и појава на ситен првут, односно многу амли љуспести честички, кои лесно отпаѓаат. Вистинското решение за овој проблем е иновативната хибридна технологија од лабораториите на германската фармацевтска компанија Dr. Wolff. Специјално одбраната формулација, ефикасно го отстранува првутот, ја хидрира кожата и го намалува непријатното чешање.

ЛЕКОВИ КОИ ПРЕДИЗВИКУВААТ ФОТОСЕНЗИТИВНОСТ

Фотосензитивност предизвикана од лекови или преосетливост на сончева светлина предизвикана од лекови, претставува состојба која се карактеризира со патолошка реакција на кожата, која настанува како резултат на заеднички ефект на сончевата светлина и хемиската/ите супстанција/и на лекот. Фотосензитивноста е независна од начинот на земање на лекот и дејството на лекот (системско или локално).

Се разликуваат два вида на фотосензитивна реакција: фототоксичност и фотоалергија. Фототоксичноста се јавува кога во кожата е акумулирана поголема количина на фотосензитивна супстанца, која под влијание на сончевата светлина може да предизвика оштетување на структурата на клетката. Фототоксичноста може да се појави кај сите индивидуи кои користат фотосензитивни лекови и на кои кожата им е изложена на сончева светлина. Оваа состојба не е предизвикана под влијание на имунолошки механизми и истата не е асоцирана со индивидуални предиспозиции.

Фотоалергиите се јавуваат поретко и истите се последица на активирање на имунолошкиот систем. Во овој случај фотосензитивниот лек има специфична улога, делува како „фотоантиген“ и го активира имунолошкиот систем на реакции, кои се асоцирани со индивидуална предиспозиција и се независни од дозата на лекот. За да се појави фотоалергиската реакција потребно е пократко изложување на сонце во однос на изложувањето на сонце потребно за да настане фотосензитивната реакција.

Фототоксичните реакции наликуваат на изгореници од сонце и се проследени со болка, печење и појава на пликови. Често се јавува и хиперпигментација, која е присутна и до неколку месеци. Притоа, забележлива е јасна граница помеѓу промените предизвикани на деловите на телото кои се изложени на сончева светлина, споредбено со покриените делови. Најчест симптом за фотоалергиските реакции е појавата на егзем кој е проследен со чешање. Оваа реакција се јавува 24-48 часа после излегување на сонце. Промените се повлекуваат после прекинување на земање на лекот, кој е одговорен за реакцијата или доколку се избегне изложување на сонце.

Превентивните мерки се најдобриот начин за справување со фотосензитивните реакции. Пациентите кои користат лекови наведени во Табела 1, треба да избегнуваат изложување на сонце или, доколку е тоа неопходно, покривање на сите делови од кожата со облека и користење на креми за сончање со висок фактор 40-50. Пациентите кај кои во консултација со здравствен работник е можен краткотраен прекин на терапијата, доколку се изложуваат на сончева светлина треба во периодите на изложеност да прекинат со користењето на лековите кои се потенцијални предизвикувачи на фотосензитивни реакции или дозирањето на истите да го прилагодат според периодите на изложеност на сонце.

Покрај лековите, кога се зборува за фотосензитивност, треба да се има предвид дека и други супстанции може да ја предизвикаат истата. Во таа група на супстанции спаѓаат состојките кои се составен дел од средствата за сончање, парфемите, антисептиците, боите и кантарионот.

АНТИБИОТИЦИ Амоксицилин, ципрофлаксаци, доксициклин, миноциклин, норфлоксацин, окситетрациклин, сулфонамиди, триметроприм
АНТИПСИХОТИЦИ Флуфеназин, халоперидол, тиоридазин
ЦИТОСТАТИЦИ Дакарбазаин, флуороурацил, флутамид, метотрексат, винбластин
ДИУРЕТИЦИ Ацетозоламид, амилорид, фуросемид, хидрохлортиазид, триамтерен
ХИПОГЛИКЕМИЦИ Клопропрамид
АНТИДЕПРЕСИВИ Амитриптилин, кломипра мин, флуоксетин, мапротилин
НЕСТЕРОИДНИ АНТИИНФЛАМАТОРНИ ЛЕКОВИ Дикометацинлофенак, ибупрофен, индометацин, кетопрофен, напроксен, пирокскам
 АНТИХИСТАМИНИЦИ  Циметидин, дифенхидрамин
 АНТИХИПЕРТЕНЗИВИ Бета блокатори, дилтиазем, нифедипин
 ОСТАНАТИ  Алпразолам, амиодарон, карбамазепин, орални контрацептиви, ранитидин

АКНИ - ЧЕСТ ПРОБЛЕМ ВО ТИНЕЈЏЕРСКИОТ ПЕРИОД

Стомачните грчеви (колики) се јавуваат во различни форми и со различен интензитет, уште од самото раѓање. Може да се манифестираат како вечерна појава, проследена со болки, плачење, тешко заспивање, но може да бидат и целодневна појава. Дефиницијата за инфантилните колики се потврдува со правилото на тројка, односно здравото бебе наеднаш почнува да плаче, плачот трае минимум 3 часа на ден, најмалку 3 дена во седмицата, а минимум 3 седмици трае овој кошмар за родителите. Кај некои бебиња овие колики започнуваат после втората седмица од животот и престануваат со полни четири месеци, а траат еден до два месеца, додека кај други бебиња може да траат значително подолго (кај бебињата буквално сè е индивидуално). Колку ќе трае периодот на грчеви кај новороденото никој не може да предвиди, но генерално, после четвртиот месец од животот би требало да се смират, односно да се надмине оваа фаза.

Медицината дефинира многу различни причини за појава на грчевите, но најчести се пречувствителност на протеините од кравјото млеко (грчевите се јавуваат откако ќе се воведе кравјото млеко во исхраната на новороденото или доколку мајката-доилка консумира големи количини кравјо млеко), како и преодниот недостаток на ензимот лактаза. Доколку се исклучи кравјото млеко како причина (доење на новороденото или неконсумирање на кравјо млеко од страна на мајката), недостатокот на ензимот лактаза се јавува како сериозна медицинска причина за појава на грчевите кај бебињата.

Истражувањата потврдуваат дека околу 38 отсто од инфантилните колики се поврзани со недостатокот на овој ензим. Инаку, лактазата е ензим кој нормално се излачува во цревата и е одговорен за варење на шеќерот лактоза, кој го има и во мајчиното и во кравјото млеко, но и во адаптираните млечни формули. Несварениот шеќер лактоза во цревата ќе ферментира до млечна киселина и водороден гас, кои се реално одговорни за појавата на грчевите. Токму поради тоа, за коликите карактеристична е надуеност на стомакот (метеоризам), како и тврдост во пределот на стомакот. Штом ќе се ослободи гасот, бебето престанува со плачење, мешето станува меко, а самото дете расположено (во вечерните часови, дури и многу полесно заспива).

Кај овие новородени, вообичаено после четвртиот месец од животот, организмот сам ќе почне да лачи ензим лактаза, а варењето (дигестијата) на лактозата ќе се нормализира.  Сепак, доколку продолжи појавата на грчеви и после четвртиот месец (кога се започнува со воведување на друга храна, освен млекото), задолжително треба да се консултира лекар-педијатар.

Медицински, најоправдан начин да му се помогне на бебешкото стомаче е употребата на Care Co-Lactase®капките, веднаш штом родителите ќе ги препознаат овие грчеви кај своето бебе (иако повеќето родители ќе консултираат лекар-педијатар за новонастаната ситуација). Клиничките студии работени со Care Co-Lactase®капките, укажуваат дека за 45 отсто се намалува времетраењето на грчевите, но истиот процент се однесува и на интензитетот на коликите. Со други зборови, бебето за многу пократко време ќе го помине овој транзиторен период, и притоа, нема толку тешко да го поднесе (со плачење, превиткување, клоцање).

Дипл. фарм. спец. Михаил Минов

Антибиотиците се добар избор за лекување на бактериски инфекции, но не дејствуваат во случај на вируси и габички. Важно е антибиотикот да се зема доволно долго, а не да се прекине во моментот кога ќе се почувствувате подобро.

Повеќе на оваа тема пишува  Д-р Зорица Мартиноска Андонова на следниот линк: http://bit.ly/antibiotici-SZ