Општествена одговорност

Еурофарм на 7-от Фармацевтски конгрес

Битола конечно ја доби првата градска трка ,,Трчај бе,, која се претвори во најмасовен спортски настан кој некогаш го имал градот.Точно 770 пријавени натпреварувачи од 10 земји, меѓу кои македонската атлетска елита и актуелната балканска шампионка, викендов ја истрчаа Битола.

ЕУРО-ФАРМ беше горд поддржувач на настанот и ја препозна идејата за унапредување на спортскиот дух во градот. Нашите пакет производи беа подарок за учесниците во трката кои буквално го преплавија градот. Се надеваме дека настанот ќе прерасне во традиција, и Битола ќе ја има ,,Трчај бе,, како свој заштитен белег.

ЕУРО-ФАРМ – Ние постоиме за да се грижиме за вашето здравје!

ЕУРО-ФАРМ на ,,Трчај бе,, во Битола

Еуро-Фарм донатор за новороденчињата од општина Центар

Денеска во Општина Центар градоначалникот Саша Богдановиќ ги подели решенијата за парична помош во висина од 7.000 денари на 100 баратели со новороденчиња од Центар.

Средствата се доделуваат редовно, во рамките на проектот на Општината за првична помош и поддршка на родителите кои се жители на општина Центар, а од оваа година општината потпиша меморандум за соработка со општествено одговорни компании и здруженија кои на овие семејства им донираат пакети со производи и услуги.

Годинава ова е втор циклус на доделување парична помош за новореденче во Општина Центар а Еуро-Фарм по втор пат беше во улога на донатор со вредносен ваучер во износ од 1.000 денари за секое семејство.

На настанот градоначалникот Богдановиќ им се заблагодари на компаниите и здруженијата за нивната општествена одговорност и изрази уверување дека во иднина и други компании ќе го следат нивниот пример.

Еуро-Фарм на 8 септември во Крушево

По повод празникот 8ми септември – денот на независноста и денот на ослободувањето на Крушево, ЕУРО-ФАРМ беше покровител на дел од настанот во организација на општината.. Во вечерниот дел од прославата, во градскиот парк во Крушево, настапи Кристина Арнаудова, а во текот на денот беше организиран планинарски марш од манастирот Свето Преображение-Крушево па се до врвот Мусица. Маршот претставува традиција во Општина Крушево и оваа година го поддржаа голем број на граѓани.

ЕУРО-ФАРМ продолжува со своите активности на општествено одговорна компанија и верен пријател на културата и спортот.

Компанијата ПЗУ аптеки Еурофарм е верен подржувач на Македонската ракометна репрезентација во сите категории. Подршката и спонзорството на нашиот најуспешен екипен спорт започна во 2010 година и непрекинато се реализира во годините наназад и во сите квалификациони циклуси и учества на големите меѓународни натпревари – европски и светски првенства.  На тој начин, со особено задоволство може да констатираме дека во изминатиот период, преку нашето активно учество во раководните тела на Ракометната Федерација на Македонија (РФМ), несомнено дадовме важен придонес во успесите на сите наши ракометни репрезентации. Активното помагање на нашиот врвен колективен спорт не прави мошне горди, и искрено се надеваме дека и во иднина во истите или зголемен пошироки рамки ќе ја продолжиме соработката со РФМ.