Стомачните грчеви (колики) се јавуваат во различни форми и со различен интензитет, уште од самото раѓање. Може да се манифестираат како вечерна појава, проследена со болки, плачење, тешко заспивање, но може да бидат и целодневна појава. Дефиницијата за инфантилните колики се потврдува со правилото на тројка, односно здравото бебе наеднаш почнува да плаче, плачот трае минимум 3 часа на ден, најмалку 3 дена во седмицата, а минимум 3 седмици трае овој кошмар за родителите. Кај некои бебиња овие колики започнуваат после втората седмица од животот и престануваат со полни четири месеци, а траат еден до два месеца, додека кај други бебиња може да траат значително подолго (кај бебињата буквално сè е индивидуално). Колку ќе трае периодот на грчеви кај новороденото никој не може да предвиди, но генерално, после четвртиот месец од животот би требало да се смират, односно да се надмине оваа фаза.

Медицината дефинира многу различни причини за појава на грчевите, но најчести се пречувствителност на протеините од кравјото млеко (грчевите се јавуваат откако ќе се воведе кравјото млеко во исхраната на новороденото или доколку мајката-доилка консумира големи количини кравјо млеко), како и преодниот недостаток на ензимот лактаза. Доколку се исклучи кравјото млеко како причина (доење на новороденото или неконсумирање на кравјо млеко од страна на мајката), недостатокот на ензимот лактаза се јавува како сериозна медицинска причина за појава на грчевите кај бебињата.

Истражувањата потврдуваат дека околу 38 отсто од инфантилните колики се поврзани со недостатокот на овој ензим. Инаку, лактазата е ензим кој нормално се излачува во цревата и е одговорен за варење на шеќерот лактоза, кој го има и во мајчиното и во кравјото млеко, но и во адаптираните млечни формули. Несварениот шеќер лактоза во цревата ќе ферментира до млечна киселина и водороден гас, кои се реално одговорни за појавата на грчевите. Токму поради тоа, за коликите карактеристична е надуеност на стомакот (метеоризам), како и тврдост во пределот на стомакот. Штом ќе се ослободи гасот, бебето престанува со плачење, мешето станува меко, а самото дете расположено (во вечерните часови, дури и многу полесно заспива).

Кај овие новородени, вообичаено после четвртиот месец од животот, организмот сам ќе почне да лачи ензим лактаза, а варењето (дигестијата) на лактозата ќе се нормализира.  Сепак, доколку продолжи појавата на грчеви и после четвртиот месец (кога се започнува со воведување на друга храна, освен млекото), задолжително треба да се консултира лекар-педијатар.

Медицински, најоправдан начин да му се помогне на бебешкото стомаче е употребата на Care Co-Lactase®капките, веднаш штом родителите ќе ги препознаат овие грчеви кај своето бебе (иако повеќето родители ќе консултираат лекар-педијатар за новонастаната ситуација). Клиничките студии работени со Care Co-Lactase®капките, укажуваат дека за 45 отсто се намалува времетраењето на грчевите, но истиот процент се однесува и на интензитетот на коликите. Со други зборови, бебето за многу пократко време ќе го помине овој транзиторен период, и притоа, нема толку тешко да го поднесе (со плачење, превиткување, клоцање).

Дипл. фарм. спец. Михаил Минов

Leave a reply