ISOMAR деконгестивниот спреј со хијалуронска киселина претставува нов, иновативен и делотворен производ од докажаната хипертонична линија на ISOMAR производи.

ISOMAR DECONGESTANT SPRAY WITH HYALURONIC ACID комбинирајќи ги благопријатните својства на хипертоничната морска вода и хијалуронската киселина помага за брзо и ефикасно ослободување на респираторните патишта при назална конгестија (затнат нос) предизвикана од настинки, бронхитис, синуситис, респораторни алергии сл. Деконгестивниот спреј овозможува темелно чистење на секретот од носните празнини, притоа навлажнувајќи ја носната слузокожа и намалувајќи го ризикот од нејзино сушење.

Модерниот и приспособлив дизајн на амбалажата, заедно со иновативната 360° ротирачка технологија на протек го прават ISOMAR деконгестивниот спреј со хијалуронска киселина едноставен за употреба при различни положби на телото:

* Вертикална положба овозможува подобра продорност на спрејот во носните празнини, а со тоа полесно, побрзо и комплетно чистење на носот;

* Хоризонтална положба се препорачува за чистење на носните празнини во лежечка положба особено кај мали и активни деца.

ISOMAR DECONGESTANT SPRAY WITH HYALURONIC ACID е наменет за возрасни и деца над 1 година.

Leave a reply