По повод празникот 8ми септември – денот на независноста и денот на ослободувањето на Крушево, ЕУРО-ФАРМ беше покровител на дел од настанот во организација на општината.. Во вечерниот дел од прославата, во градскиот парк во Крушево, настапи Кристина Арнаудова, а во текот на денот беше организиран планинарски марш од манастирот Свето Преображение-Крушево па се до врвот Мусица. Маршот претставува традиција во Општина Крушево и оваа година го поддржаа голем број на граѓани.

ЕУРО-ФАРМ продолжува со своите активности на општествено одговорна компанија и верен пријател на културата и спортот.

Leave a reply