Денес, во ООУ „Киро Глигоров“, градоначалникот Саша Богдановиќ, ги подели решенијата за парична помош во висина од 7.000 денари на 70 баратели со новороденчиња од Центар.

Средствата се доделуваат редовно, во рамките на проектот на општината за првична помош и поддршка на родителите кои се жители на Општина Центар, а од минатата година општината потпиша меморандум за соработка со општествено одговорни компании и здруженија кои на овие семејства им донираат пакети со производи и услуги.

Еурофарм, како општествено одговорна компанија, е дел од оваа кампања која радува многу семејства, и се надеваме дека во иднина ќе донесеме уште повеќе радост и насмевки.

На настанот, градоначалникот Богдановиќ им упати искрени честитки на родителите и се заблагодари на компаниите и здруженијата за нивната општествена одговорност, изразувајќи уверување дека, во иднина и други компании ќе го следат нивниот пример.

Leave a reply