Ни претставува голема чест и задоволство што 8 години по почнувањето на проектот Клуб картичка на ЕУРОФАРМ стигнавме до бројка од 200 000 картички кои нашите клиенти ги користат секојдневно во нашите аптеки.

Госпоѓата Цветанка Орешковиќ од Скопје е среќниот корисник на картичката со број 200 000. Таа е редовен корисник на нашите услуги и не го криеше своето задоволство кога и ја соопштивме веста дека е јубилеен член на Клуб картичка тимот на ЕУРОФАРМ.

Својата картичка ја подигна од нашата аптека во населбата Ново Лисиче каде што нашиот персонал и подари вредносен ваучер на ЕУРОФАРМ и пригодни подароци од палетата наши производи.

Ви благодариме на довербата.

Ние постоиме за да се грижиме за вашето здравје!

Leave a reply