Почитувани,
Изминатиов период работевме интензивно на зголемување на бројот Еурофарм аптеки низ целата земја. Проширувањето на нашето семејство го започнавме со нашата аптека во Ресен која се отвори прва и која се наоѓа во централното градско подрачје на ул.Ленинова бр.25а. Успешната приказна и работењето во Штип не мотивираа да ја отвориме нашата втора аптека во овој град која се наоѓа на ул.Борис Кидрич бр.4а, и секако уште една аптека во Скопје, во населбата Радишани на ул.Радишанска бр.2б.

Сите новоотворени аптеки на Еурoфарм ви нудат огромна палета на производи, се што Ви е потребно и се што можете да набавите во аптека. Ќе ни биде задоволство ако ги посетите и се уверите во нашата понуда и услуга.

Во периодот кој следува, Еурофарм ќе ве изненади со уште десетина нови аптеки, се со цел да бидеме уште поблиску до Вас и да ги задоволиме вашите потреби.

Ние постоиме за да се грижиме за вашето здравје!

Leave a reply