Почитувани

Имајќи ја во предвид ситуацијата со пандемијата од COVID – 19 вирусот и потребата да се рационализира престојот во аптека, воведуваме нова можност и апликација. Со оваа апликација на Вас почитувани пациенти и потрошувачи ќе Ви овозможиме најкраток временски период на задржување во аптека а при тоа да добиете максимално квалитетна фармацевтска грижа (бараните фармацевтски производи ќе бидат претходно спремни за Вас, истите ќе ги подигнете без чекање на ред во  посебно означен дел во аптеката, единствено времето во аптека ќе го искористиме за да добиете совети).

Новиот проект и апликација ја нарековме  РЕЗЕРВИРАН ЕУРОФАРМ ТЕРМИН. Тоа е едноставна апликација за користење, која не бара регистрација или најава и веднаш преку истата можете да ги побарате Вашите потребни лекови, медицински средства и други фармацевтски производи. За таа цел, потребно е да ја пополните апликацијатта која се наоѓа десно од оваа објава.

Во полето “Лекови“ треба да ги наведете сите Ваши потребни лекови, медицински средства и други фармацевтски производи. Заради експедитивност во функционирањето на системот  доколку можете треба да ги наведете формата, јачината , и количината на бараните лекови (пример: Tabl. Enalapril 5mg x 1 оргинално пакување). За точна интерпретација на бараните лекови најдобро е да прикачете слика од Вашите рецепти или слика од производот . Сликата од рецептите или производот може да ја прикачете во делот “Прикачете рецепт (препорачан формат: .jpg, .png, .pdf)“

Со притискање на “Испрати“, Вие веќе сте го креирале своето барање и за потврда на тоа ќе добиете порака на Вашата маил адреса дека Вашето барање е примено.

Откако барањето ќе биде примено од наша страна, истото ќе биде обработенно и ќе Ви биде испратена втора маил порака во која ќе има информација за Вашиот резервиран Еурофарм термин и листата на производи кои можеме да ги обезбедиме како и инструкции за Ваше постапување при одење во аптека.

 

НАПОМЕНА: Доколку не Ви пристигне повратна емаил порака во рок од 5 минути, Ве молиме проверете го и спам фолдерот на Вашата емаил адреса.