За Нас

Фармацевтската компанија ПЗУ Аптеки ЕУРОФАРМ на фармацевтскиот пазар во Република Македонија се појавува на 09.12.2000 година, кога во просторот на супермаркетот Веро 2 во населбата Тафталиџе – Скопје, е отворена првата аптека од денешниот ланец на аптеки на ЕУРОФАРМ.

Од тогаш до денес, водејќи се по начелата на Добрата аптекарска пракса и придржувајќи се кон своето мото “Ние постоиме за да се грижиме за Вашето здравје” стручниот тим на нашата компанија, заедно со менаџментот на истата, успева да го создаде и успешно одржува македонскиот аптекарски супербренд ЕУРОФАРМ. Потврда за тоа се огромниот број на наши задоволни пациенти, клиенти и потрошувачи кои во изминатите 20 години го препознаа квалитетот на нашата работа, високото ниво на стручност и фармацевтската грижа и кои ни ја дадоа нивната довербата. Аптеките ЕУРОФАРМ, четири години по ред од 2013 па се до денес, официјално се избрани за СУПЕРБРЕНД во аптекарскиот сектор во Република Македонија.

Нашето мото

Ние постоиме за да се грижиме за Вашето здравје

Резултатот на нашата 20 годишна работа се денешните 97 аптеки во кои работат 385 стручни лица. Аптеките ЕУРОФАРМ, лоцирани се на внимателно избрани локации (болници, здравствени домови, во трговски центри, молови, хипермаркети, на ексклузивни локации во градовите итн). Аптеките се карактеризираат со препознатлив современ ентериер, располагаме со широка палета на фармацевтски производи (лекови, додатоци на исхрана), козметички препарати, бебешка храна, и други производи за широка аптекарска потрошувачка. Исто така, во аптеките на ЕУРОФАРМ е достапна и широка палета на помошни медицински помагала кои се издаваат на товар на Фондот за здравствено осигурување. Но сепак, она на што особено сме горди, и по што сме препознатливи, е најквалитетна фармацевтска грижа која благодарение на нашите стручни лица се нуди во аптеките на ЕУРОФАРМ. Менаџментот на нашата компанија уште од првиот ден како осовна призма низ која го гледаше успехот и развојот на компанијата беше вложувањето и постојаното усовршување на стручниот и професионалниот тим на компанијата. Квалитетот во работењето и посветеноста и денес остануваат основните императиви на нашето функционирање.

Од 2014 година стручниот тим на аптеките ЕУРОФАРМ се гордее и со својот производ СЕМЕЈНО ЗДРАВЈЕ, стручно гласило кое во тираж од 30000 примероци излегува на секои два месеци и бесплатно им е дотапно на нашите пациенти и потрошувачи во аптеките ЕУРОФАРМ. Семејно здравје претставува стручно медицинско гласило кое се подготвува многу внимателно, и во кое нашите потрошувачи пронаоѓаат мошне интересни и важни совети и теми кои влијаат на унапредувањето на нивното здравје.

Исто така, наша особена гордост е и лојалната картичка ЕУРОФАРМ и клубот на наши преку 140000 пациенти и потрошувачи кои ја имаат оваа картичка и ги користат придобивките од истата.

Стручнниот и менаџерскиот тим на Еурофарм е максимално посветен на квалитетот на нашата работа и постојаното унапредување на истата. Реализирањето на детално и внимателно искреираните развојни планови за во иднина, се надеваме дека ќе придонесат и понатаму да бидеме и да се зацврстиме на лидерската позиција во аптекарскиот сектор. За нас, предизвиците се голема инспирација. Ние постоиме за да се грижиме за Вашето здравје.