Денеска во Општина Центар градоначалникот Саша Богдановиќ ги подели решенијата за парична помош во висина од 7.000 денари на 100 баратели со новороденчиња од Центар.

Средствата се доделуваат редовно, во рамките на проектот на Општината за првична помош и поддршка на родителите кои се жители на општина Центар, а од оваа година општината потпиша меморандум за соработка со општествено одговорни компании и здруженија кои на овие семејства им донираат пакети со производи и услуги.

Годинава ова е втор циклус на доделување парична помош за новореденче во Општина Центар а Еуро-Фарм по втор пат беше во улога на донатор со вредносен ваучер во износ од 1.000 денари за секое семејство.

На настанот градоначалникот Богдановиќ им се заблагодари на компаниите и здруженијата за нивната општествена одговорност и изрази уверување дека во иднина и други компании ќе го следат нивниот пример.

Leave a reply