Доколку пациентот има хронична терапија, треба да се земе во количина доволна за време на патувањето. Од акутната терапија препорачуваме да се земаат лекови за третман на болки- аналгетици, лекови за алергија-понови генерации антихистаминици и крем за локална употреба , лекови за намалување на покачена температура, лекови за третман на диареја, подуеност и гасови, раствори за рехидратација, прва помош во случај на повреди- гази, завои и средство за дезинфекција, лекови за третман на мачнини при патување, средства за заштита од инсекти, капки за очи. Доколку се работи за подолготрајна изложеност на Сонце, независно од годишното време, препорачуваме употреба на средства за заштита од Сонце со висок фактор.
Во случај на посериозни симптоми, препорачуваме пациентите секогаш да се обратат кај најблискиот лекар.