Општествена одговорност

Компанијата ПЗУ аптеки Еурофарм е верен подржувач на Македонската ракометна репрезентација во сите категории. Подршката и спонзорството на нашиот најуспешен екипен спорт започна во 2010 година и непрекинато се реализира во годините наназад и во сите квалификациони циклуси и учества на големите меѓународни натпревари – европски и светски првенства.  На тој начин, со особено задоволство може да констатираме дека во изминатиот период, преку нашето активно учество во раководните тела на Ракометната Федерација на Македонија (РФМ), несомнено дадовме важен придонес во успесите на сите наши ракометни репрезентации. Активното помагање на нашиот врвен колективен спорт не прави мошне горди, и искрено се надеваме дека и во иднина во истите или зголемен пошироки рамки ќе ја продолжиме соработката со РФМ.