Брадавиците се бенигни, нерамни израстоци на кожата предизвикани од Human papilloma вирусите. Брадавиците можат да се појават насекаде по телото, а се пренесуваат со директен или индиректен контакт со заболеното лице. Тие се последица и на слабата отпорност на организмот, па така, кон ова заболување се склони лицата со ослабен имунолошки систем.

REDÉRMA FORTE растителниот мелем против вирусни брадавици трајно ги отстранува вирусните брадавици и кондиломите.  Се препорачува за следниве индикации:

  • Папиломи (кондиломи) – вирусни брадавици на кожата и слузокожата предизвикани од хуманиот папилома вирус (Human papillomavirus, HPV). Папиломите (кондиломите) се инфективно заболување, затоа што се пренесуваат со контакт на две површини на кожата и/или слузокожата, од кои едната е инфицирана.

Некои папиломи, во зависност од HPV кој ги предизвикал, можат да се претворат во малигни тумори.

  • Габични заболувања на кожата – посебно меѓу прстите на нозете, на кожата од главата и на стомакот.

REDERMA FORTE растителниот мелем против вирусните брадавици е 100 отсто природен производ. Не содржи ниту една синтетичка супстанца, a во неговиот состав влегуваат растенија од природата на нашиот регион, меѓу кои: дивизма, ајдучка трева, кантарион, невен, боквица, руса, магарешки трн, коњско опавче, црвен кантарион, камилица, коприва, бозел, прополис, масло од рузмарин, масло од лаванда, масло од еукалиптус.

Благодарение на посебно избраната комбинација од споменатите растенија со салицилна киселина и  со колофониумска смола, брадавиците омекнуваат и на тој начин се овозможува нивно полесно отстранување.

Oвој растителен препарат:

  • Ги суши вирусните брадавици,
  • Го спречува нивното повторно појавување,
  • Ја зголемува способноста на организмот да се бори со вирусот,
  • Ја намалува болката која се јавува при воспалението,
  • Не остава лузни на местото каде што биле брадавиците.

REDÉRMA растителниот мелем се нанесува во тенок слој, повеќе пати во текот на денот, a задолжително пред спиење, и тоа со пластична шпатула на исчистена и исушена брадавица или на местото каде се јавило габичното заболување.

Leave a reply