Од 5-ти до 9-ти октомври, во Охрид се одржа 7-миот Конгрес на фармацијата во Северна Македонија со меѓународно учество. Домаќини на Конгресот беа Македонското фармацевтско здружение и Фармацевтскиот факултет, Св. Кирил и Методиј“во Скопје.

Научната програма вклучуваше пленарни предавања, усни презентации и постер сесии кои резултираа со збогатување на знаењето и размена на искуства меѓу научниците, истражувачите и практичарите. Конгресот опфати нови предизвици во сите области на фармацевтската наука и професионалната пракса.

Истовремено обезбеди одлична можност за младите научници и истражувачи, како и реномирани истражувачи и практичари да разменат мислења, да воведат револуционерни идеи и да стекнат нови практични знаења.

Составен дел на Конгресот беше и претставување на голем број фармацевтски компании и други компании кои припаѓаат на синџирот добавувачи на лекови. Еурофарм учествуваше на овој реномиран настан кој беше одлична прилика да се промовираат сите новитети како и нови производи кои ги има во својата понуда. Освен тоа, на промотивниот штанд имавме безброј активности за посетителите на конгресот, како и наши реномирани гости од познати фармацевтски компании кои се дружеа со посетителите и ќе имаа прилика преку предавања/симпозиуми да ги пренесат своите знаења и достигнувања.

На нашиот промотивен штанд, посетителите се запознаваа со производите од палетата на Dr wolz, Fysioline, Jamieson, Microlife, Coswell, Twistshake, Cantabria Labs и многу други. Последниот ден од Фармацевтски Конгрес активностите на Еурофарм беа во знакот на промоција на Jamieson – канадскиот број 1 бренд за витамини, и запознавање на присутните со придобивките и квалитетот на производите.

По тој повод, гостин на Еурофарм беше г-дин. Paul Mateoiu, генерален менаџер на Јamieson за Европа, додека пак преку видео повик своја презентација имаше г-ѓа. Cheryl Wright, интернационален менаџер за едукација на Јamieson.

Симпозиумот на Еурофарм со нивните излагања имаше огромна посетеност, а нашиот промотивен штанд и последниот ден привлече огромно внимание со своите промоции и пригодни подароци за посетителите на конгресот.

Во сите денови од 7-от Фармацевтски Конгрес, Еурофарм уште еднаш го потврди своето мото: „Ние постоиме за да се грижиме за Вашето здравје!“ 💙

Leave a reply